Елтон Џон, Били Џон Армстронг, Били Ајлиш и други изведувачи држат концерти од своите домови

Елтон Џон, Били Џон Армстронг, Били Ајлиш и други изведувачи држат концерти од своите домови

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сер Елтон Џон успеа да собере некои од најголемите имиња во музиката за да изведуваат концерти во живо од нивните домови, со цел да се соберат пари за борба против пандемијата.

На концертот беа вклучени Били Ајлиш, Дејв Грол, Били Џо Армстронг од „Грин Деј“, Мараја Кери, Сем Смит и многу други.



Грол ја изведе познатата „My Hero“, додека Били Џо Армстронг ја изведе „Boulevard of Broken Dreams“.



- Се надевам дека сите сте здрави. Ако сакате некого, кажете му, ако сте благодарни некому, кажете му. Би сакал да ја посветам песната на сите луѓе што се наоѓаат во првите борбени линии и даваат сè од себе за да нè извлечат - изјави Грол.

Били Ајлиш, придружена од нејзиниот брат Финеас, ја изведе „Bad Guy“.



По изведбата Елтон Џон го заврши концертот со порака до фановите.

- Останете на безбедно, сакајте ги вашите најблиски и кога сето ова ќе заврши, повторно ќе изведувам за вас - порача Елтон Џон.



Извор: Nme.com
Фото: Screenshot/YouTube