Само 15,5 отсто од испуштените води од индустријата лани биле прочистени

Само 15,5 отсто од испуштените води од индустријата лани биле прочистени

Вкупното количество зафатенa вода од индустриските претпријатија во 2022 година изнесуваше 4.303 милиони кубни метри, со најголемо учество на секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (98,7%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 49,9%.

Вкупното количество користена вода во 2022 година изнесуваше 2.177 милиони кубни метри. Споредено со 2021 година, вкупното количество користена вода во 2022 година бележи зголемување од 36,8%.

Од вкупно испуштените води, во 2022 година се прочистени 15,5%.

Според податоците на ДЗС, 77,76 отсто од отпадните води од индустријата лани биле испуштени во водотеци, 21,95 отсто на преостанати места, а 0,29 отсто во јавна канализација.

Фото: ДЗС