Дивите шимпанза ги користат лековитите билки како „прва помош“

Дивите шимпанза ги користат лековитите билки како „прва помош“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Откриено е дека шимпанзата во Уганда користат лековити билки за лекување отворени рани и други повреди.

Научници од Универзитетот „Оксфорд“, во соработка со локален тим во шумата Будонго, успеале да снимат ситуации во кои овие животни користат билки како прва помош, како за себе така и за други.

Нивното истражување се надоврзува на откритието од минатата година дека шимпанзата намерно бараат и јадат одредени растенија за да се излекуваат.



Извор: BBC
Фото: Screenshot/BBC