Платена пракса во ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Скопје

Платена пракса во ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Скопје

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Скопје е македонска консултантска компанија која постои од 2005 година и работи во Македонија и Балканскиот регион (Косово, Србија, Бугарија, Грција и Албанија). Нашата компанија претставува важен "партнер на избор" на локални и меѓународни партнери, што придонесува одржлив економски развој, обезбедува одговорност и ги промовира човековите права во сите сегменти на општеството. ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал работи на бројни задачи како за претставници од јавниот така и од приватниот сектор, на локално, регионално и национално ниво, како и проекти поддржани од ЕУ, УСАИД, УНДП, СИДА, СДЦ, ОБСЕ.

Поради зголемување на обемот на работа ЕПИ ЦЕНТАР има потреба од ангажирање на едно лице - практикант кој преку учење и здобивање на практични работни вештини ќе се здобие со практично и професионално искуство.

Потребни Квалификации:
• Да не е во работен однос,
• Да не е постар од 34 години
• Да има ВСС

Вештини и способности:
• Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
• Спремност за континуирано стручно усовршување и професионален развој
• Одлично познавање на англиски јазик
• Одлично познавање на Microsoft Word, Excel
• Учество во функционирањето на социјалните медиуми
• Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини
• Флексибилност за работа на терен

Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:
• Поддршка во процесот на архивирање и скенирање на документи кои произлегуваат од работењето
• Поддршка во одржување на базата на скенирани документи
• Учество во подготовка и тековно одржување на сите репрезентативни материјали на ЕПИ ЦЕНТАР (референтна листа, биографии итн.)
• Техничка поддршка при подготовка предлог проекти до разни донатори
• Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на ЕПИ ЦЕНТАР
• Поддршка при работа со електронскиот систем на ЕПИ ЦЕНТАР за прибирање и анализа на информации ЕСПАИ (систем за спроведување на анкети и истражувања)
• Поддршка при работа со листи за проверка на компании (внесување во систем, евиденција итн.)
• Извршување други сродни работи за поддршка на работата на ЕПИ ЦЕНТАР

Времетраење на работната пракса: 3 месеци со 8 часовно работно време со можност за продолжување на праксата и можност за вработување
Надоместок: Нето износ од 6.000 денари месечно
Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV (македонски или англиски) до contact@epicentar.mk најдоцна до 10.08.2019.
Напомена: Практикантот со работната пракса ќе започне од 01.09.2019 година