Мерил Стрип: Моментот кога почнуваш да се грижиш за тоа што другите мислат, тогаш престануваш да бидеш ти!

Мерил Стрип: Моментот кога почнуваш да се грижиш за тоа што другите мислат, тогаш престануваш да бидеш ти!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Мерил Стрип е познато име во Холивуд, и несомнено една од омилените актерки на многу луѓе. Во текот на нејзината кариера, Стрип не само што докажа дека е холивуска икона чии улоги ќе живеат вечно, туку и таа е пример за добра, паметна и мудра личност. Без оглед дали одржува говор додека прифаќа награда или тоа е само интервју, Стрип секогаш има нешто интересно и инспиративно да сподели со нејзината публика.

- Формулата за среќата и успехот се едноставно да бидеш свој, на најживиот можен начин што можеш да бидеш.

- Не мора да бидеш славен. Само направи ги мајка ти и татко ти горди на тебе.

- Заљубена сум во она што не го знам. Воодушевена сум од она што е необјасниво или непредвидливо.

- Неверојатно е што можеш да добиеш ако тивко, јасно и авторитативно го побараш нештото.

- Мораш да ги прифатиш годините. Животот е скапоцен, а кога ќе изгубиш многу луѓе, сфаќаш дека секој ден е подарок.

- За младите жени, би им рекла, не се грижете многу за вашата тежина. Девојките поминуваат премногу време размислувајќи за тоа, а постојат подобри работи. За младите мажи, а и жени, она што ве прави различни или чудни, токму тоа е вашата сила. Секој се обидува да изгледа исто, а всушност луѓето кои изгледаат различно се оние кои се избрани. Порано си го мразев носот. Сега, не.

- Стравот е добро нешто. Стравот ви е пријател. Сè што ве дестабилизира може да ви помогне. Така нè учеа во драмско училиште. Ако ви е удобно, тогаш не си ја работите работата. Повеќето актери се условно несигурни. Некако, неопходно им е тоа.

strip
Фото: Instagram

- Често глумите многу силна жена. Зошто избирате...? Бла, бла, бла. Ниту еден маж не бил прашан: Често глумите силен маж. Зошто? Затоа што би било апсурдно прашање.

- Непочитувањето кани непочитување. Насилството кани насилство. Кога моќните ја користат нивната поизиција за да исмејуваат други, ние сите губиме.

- Најголемиот подарок што луѓето го имаат е моќта за емпатија.

- Вистинската слобода е сфаќањето дека имаме избор за тоа кому и што му дозволуваме да има моќ над нас.

- Моментот кога почнуваш да се грижиш за тоа што другите мислат, е моментот кога престануваш да бидеш ти.

- Повеќе немам трпение за некои работи во животот. Не затоа што станав арогантна, туку затоа што дојдов до точка кога повеќе не сакам да губам време на работи што ме прават незадоволна и тажна.

- Немам волја за да ги задоволам оние кои не ме ценат, немам повеќе љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам залудно да им се насмевнувам на оние кои мене не ми се смеат. Исто така, повеќе не трошам ни секунда од својот живот на оние кои ме лажат и се обидуваат да манипулираат и да добијат нешто од мене. Не сакам да бидам близу оние кои се преправаат, кои се нефер или површни. Повеќе не толерирам ароганција и не ја прифаќам тривијалноста како норма.

- Верувам во имагинацијата. Го снимив „Крамер наспроти Крамер“ пред да имам деца. Но, мајката која би била, веќе беше во мене.

Извор: Goodreads | Redbookmag.com
Фото: Instagram