А1 Македонија ги оживува приказните на Крушево преку технологијата

А1 Македонија ги оживува приказните на Крушево преку технологијата

На почетокот на месецов, во рамките на фестивалот „When in Krushevo“, каде што А1 Македонија беше генерален спонзор, беше претставена новата интерактивна апликација „Тимпанон хант“. Дигиталното искуство е дел од кампањата „Град на приказни“ и на иновативен начин ги поврзува технологијата и културното наследство на Крушево.

Апликацијата е развиена од студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ,ФИНКИ, каде што е и хостирана. Проектот е резултат на долгогодишната соработка меѓу А1 Македонија и ФИНКИ и нивната заедничка определба за поддршка на младите таленти, креативноста и иновациите.

Преку „Тимпанон хант“ посетителите добиваат интерактивна мапа што ги води низ улиците на Крушево во потрага по неговите препознатливи тимпанони.

Тимпанонот е декоративен архитектонски елемент, најчесто поставен над прозорците или вратите, карактеристичен за староградската архитектура на Крушево. Иако претставува значаен дел од архитектонското и културното наследство на градот, за многу посетители сè уште е недоволно познат.



-Токму затоа ја создадовме оваа апликација, преку технологијата да ги доближиме приказните што лесно може да останат незабележани. Наместо класична туристичка прошетка, “Тимпанон хант” ги мотивира посетителите да го истражуваат градот, да откриваат нови локации, да учат за неговата историја и истовремено да се забавуваат - изјави Бранкица Толевска, раководителка на Одделот за бизнис-трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

За студентката која ја разви апликацијата, соработката со А1 Македонија претставувала значајно професионално и лично искуство, како и можност една креативна идеја да прерасне во целосно функционален дигитален производ.

- Пред сè, голема благодарност до А1 Македонија за самата идеја и за креативноста од која се роди целото ова искуство. Тимот редовно го следеше напредокот на апликацијата преку состаноци и постојана комуникација, а соработката со Лавинија и Софи ми беше голема поддршка во текот на целиот процес. Токму таа заедничка работа овозможи проектот да прерасне од концепт во нешто реално и функционално - изјави Мила Додевска, студентка на ФИНКИ и авторка на апликацијата.

Апликацијата привлече голем интерес кај посетителите на фестивалот, како и внимание на социјалните мрежи, покажувајќи дека дигиталните решенија можат да бидат моќна алатка за промоција, доближување и зачувување на културното наследство.



- За време на настанот ‘When in Krushevo’ сè функционираше беспрекорно. Почувствував големо олеснување, но и огромна гордост кога видов како моето дело оживува пред посетителите и привлекува толкаво внимание. Реакциите беа целосно позитивни, а луѓето беа воодушевени. Тоа е најдобрата потврда дека проектот ја постигна својата цел Крушево да им стане поблиско на посетителите на еден нов и интерактивен начин - одговори Мила Додевска, студентка на ФИНКИ.

„Тимпанон хант“ е достапна на https://krushevo.finki.net.mk/, па секој што ќе го посети Крушево може да го открие градот преку една поинаква, интерактивна прошетка исполнета со историја, архитектура и приказни.

(Комерцијална објава)