За најдобриот студент на ФДУ, изучувањето на македонскиот јазик во Швајцарија, гинеколошкото здравје на девојчињата... Што пишувавме неделава
Гинеколошкото здравје кај девојчињата е инвестиција во здрава жена, вели д-р Николина Ристевска, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство
Пубертетот е период на брзи и комплексни промени, не само физички, туку и емоционални, ментални и социјални. Младите девојки во пубертет често не се сигурни што е нормално во врска со нивното гинеколошко здравје, кому да се обратат, што сметат да прашат и се срамат кога треба да се оди првпат на гинеколог, вели д-р Николина Ристевска, специјалист гинеколог
„Нашиот јазик ќе опстојува во Швајцарија уште многу долго, го учат деца и од трета генерација Македонци што живеат таму“ , вели наставничката Ирена Годева
Ирена Годева од Струмица e наставничка по македонски јазик во неколку градови од францускиот регион во Швајцарија. Предава во Женева, Белфо до Фрибург, Ешалан, Екублан, Ибердон, Шебра и Веве. Професор е по одделенска настава со 15-годишно искуство. Наставата ја организира Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
„Колку повеќе учиш, сфаќаш дека помалку знаеш“ , вели најдобриот студент на ФДУ, Ведран Чешарек
Ведран Чешарек е еден од најдобрите дипломирани студенти за академската 2023/2024 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој доби признание за најдобар студент, но ни сподели дека не знаел дека постои ваква награда, воопшто не се надевал на вакво признание. Ни посочува дека е убаво да се знае дека некој го увидел и го цени неговиот вложен труд низ тие четири години.