Јапонските итни служби со необичен апел до граѓаните: „Не местете ни ги обувките за време на интервенциите!“
Учтивоста, убавото однесување и грижата за другите се клучни столбови на јапонското општество, но понекогаш тоа може да биде претерано.
Противпожарната служба во градот Каназава во централнa Јапонија ги повика граѓаните да престанат со местењето и завртувањето на обувките што болничарите ги собуваат при влегувањето во куќата, предупредувајќи дека оваа навика им го отежнува брзиот влез и излез, особено кога го изнесуваат пациентот на носилки.
Пожарникарите демонстрираа како болничките екипи ги оставаат обувките на влезот под точно одреден агол. Со таквиот распоред им се овозможува на тројцата болничари да ги обујат обувките без притоа да го загрозат пациентот.
Во Јапонија е вообичаено при влегување во домот да се соблечат обувките, по што домаќините од пристојност ги завртуваат обувките на гостите кон вратата за да можат полесно да се обујат при заминувањето.
- Лекарите од итната помош ги оставаат обувките во зависност од нивната улога во тимот. Ако некој од добра намера ги помрдне тие чевли, тоа ни го отежнува облекувањето и го забавува транспортот на пациентот. Од нашето искуство, тоа може да доведе до губење од 30 секунди - вели пожарникарот Даисуке Јамашита.
Јамашита додаде дека ја ценат добрата намера на граѓаните, но нагласи дека во итни ситуации значително покорисно би било да ја подготват личната карта на пациентот или некој друг личен документ.
Извор:
021.rs
Фото: Screenshot/Instagram/kanazawa_syoubou