Бронзен медал и пофалница освоија македонските средношколци на Балканската олимпијада по физика

Бронзен медал и пофалница освоија македонските средношколци на Балканската олимпијада по физика

Средошколецот Драго Јакимовски од Пробиштип освои бронзен медал, а Мајкл Георгиевски од Кавадарци – пофалница на 2. Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија.



Натпреварот се одржа од 23 октомври до денеска, а поради пандемијата со Ковид 19, секоја од државите учесници на олимпијадата беше под координаторство на офцијалните организатори. Локален организатор на оваа олимпијада во Македонија беше Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во конкуренција беа 48 натпреварувачи од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора).

Драго Јакимовски

На овај натпревар Македонија ја преставуваа:

1. Драго Јакимовски од Пробиштип, ученик од трета година во СОУ „Орце Николов“ - Скопје,
2. Мајкл Георгиевски од Кавадарци, ученик од втора година во СОУ „Добри Даскалов“ -Кавадарци,
3. Бисера Јаневска од Скопје, ученик во трета година во ПСУ „Алгоритам“ - Скопје,
4. Димитар Џорлев од Струмица, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански“ - Струмица,
5. Стефан Дрмач од Скопје, ученик во втора година во СОУ „Раде Јовчевски-Корчагин“ - Скопје (поканет натпреварувач од официјалниот организатор, надвор од официјална конкуренција).

Мајкл Георгиевски

Водач на тимот од Македонија беше проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за физика при ПМФ, а заменик водач на тимот проф. д-р Ламбе Барандовски од Институтот за физика.