Новиот филм на Бен Афлек има над 65 милиони прегледи на „Нетфликс“
Трилерот „Животни“ (англ. „Animals“) во режија на Бен Афлек трета недела по ред е прв на светската листа на „Нетфликс“ за филмови на англиски јазик, а од премиерата на 9 октомври има вкупно 65,3 милиони прегледи.
Според податоците што „Нетфликс“ ги објави на платформата „Тудум“, од 19 до 25 октомври филмот имал 10,7 милиони прегледи и 19,3 милиони часови гледање.
Тоа е помалку отколку претходната недела, кога имаше 30,8 милиони прегледи. Сепак, тој е сè уште речиси двојно пред второпласираниот анимиран филм „Жешки тркала, ајде да се тркаме: Нападот на ти-рекс“ (англ. „Hot Wheels Let's Race: Attack of the T-Rex“), кој имаше 5,9 милиони прегледи.
Афлек го режирал филмот, а во него игра политичар чиј син е киднапиран. Покрај него, улоги толкуваат и Кери Вашингтон, Стивен Јан и Џилијан Андерсон.
Кога станува збор за серии, серијата „Долу“ (англ. „Below“) на Хартнет трета недела е прва меѓу сериите на англиски јазик, со 7,7 милиони прегледи и вкупно 45,9 милиони прегледи.
Третата сезона на комедијата „Никој не го сака ова“ со Кристен Бел и Адам Броди дебитира на второто место на истата листа, со 6,2 милиони прегледи. Четвртиот дел од француската серија „Лупин“ со Омар Си е прв на листата со серии на други јазици, со 6,4 милиони прегледи.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube