„Ајфоните“ добиваат подобрени можности за снимање во темница: „Епл“ претставува нова технологија со ВИ
Иако „ајфонот“ сè уште е убедлив лидер за снимање видеа, кога станува збор за класична фотографија „Епл“ е под силен притисок од моделите што ги нудат „Гугл“, „Самсунг“ и „Виво“, како во однос на големината на сензорот така и во однос на квалитетот на алгоритмите за обработка на фотографии. За да овозможи појасни и посветли ноќни фотографии, „Епл“ во најновата студија претставува генеративна технологија со вештачка интелигенција што би можела да ги поправи слабостите на сегашните модели на „ајфон“.
Во јавно објавена научна публикација, откриена е нова технологија што „Епл“ ја развива со Универзитетот „Корнел“, наречена „Даркдиф“. За разлика од претходните методи што отстрануваат шум или комбинираат повеќе снимки за да ги подобрат деталите на фотографијата, Даркдиф“ директно го интегрира генеративниот модел со вештачка интелигенција во ИСП, т.е. процесорот за обработка на слики.
„Даркдиф“ вградува генеративна вештачка интелигенција во „ајфон“
По стартувањето, „ајфон“ ги применува почетните чекори за обработка по дифолт: баланс на белата боја, корекција на бојата и основна обработка. Потоа „Даркдиф“ ја презема задачата, ја анализира содржината на фотографијата и, со помош на генеративен модел, ја реконструира структурата, го намалува шумот и ги враќа деталите. Клучна предност на пристапот е строго ограничување на генерираните региони за да се спречат „халуцинации“ од вештачката интелигенција.

Слични техники веќе се користат во индустријата: „гугл пиксел 10 про“ комбинира оптика и генеративна вештачка интелигенција за да постигне зголемување од 100 пати со подобрени детали и минимален шум. „Епл“ сега работи на свое решение кое би можело да донесе забележителни подобрувања во ноќните сцени на „ајфоните“.
Нема прецизен датум кога „Даркдиф“ би можел да пристигне на „ајфоните“, но се нагласува дека овој метод бара повеќе време за обработка и би можел да се потпре на помошта од обработката во облак-инфраструктура за да се избегне прекумерна потрошувачка на енергија. Технологијата моментално има и ограничувања при работа со јазици различни од англискиот.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik