Детаљ од филмот „Сам дома“ и денес предизвикува бурни расправи
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Иако поминаа 35 години откако божиќниот класик „Сам дома“ ги освои срцата на гледачите низ светот, обожавателите и денес откриваат детали што поттикнуваат нови расправи. Овие празници во фокусот се најде легендарната сцена со пицата, поточно нејзината цена, која според многумина едноставно „нема логика“ за почетокот на 90-тите години.
Во филмот, Кевин Мекалистер (Меколи Калкин) останува сам откако неговото семејство заминува на божиќно патување во Париз, а хаосот што следува стана дел од филмската историја.
Но сцената што денес повторно предизвикува реакции се случува уште на самиот почеток: нарачката на пица за целото семејство. Сметката од 122,50 долари за десет пици многу гледачи ја опишуваат како нереално висока за 1990 година.
Цената што ја разгоре расправата
Дискусијата брзо се прошири на социјалните мрежи, а еден популарен инстаграм-профил истакна дека износот бил неразумно висок за тоа време.
- Дали мислите дека ова е реално? Постои позната сцена со пица во филмот „Сам дома“ во која семејството Мекалистер платило 122,50 долари плус бакшиш за 10 пици. Обожавателите ја критикуваат оваа цена, велејќи дека е висока за 90-тите - пишува на овој инстаграм-профил.
Детална анализа од „Редит“
Еден редит-обожавател отишол чекор подалеку и направил детална анализа на трошокот. Од сцената може да се заклучи дека семејството нарачало една обична пица со кашкавал и девет пици со различни додатоци. Кога Кевин подоцна сам нарачува голема пица со сирење, плаќа 11,80 долари со данок.
- Тоа значи дека просечната цена на останатите пици, под претпоставка дека секоја има по еден дополнителен додаток по фиксна цена, изнесува околу 12,30 долари по пица. Мајката е изненадена од високата цена, но не протестира и плаќа - објаснува корисникот.
Откако ги зел предвид инфлацијата и фактот дека семејството Мекалистер живеело во богато предградие на Чикаго, каде што цените веројатно биле повисоки, тој заклучил дека цената на пиците сепак била премногу висока.
- Семејството платило слична цена во нивната измислена пицерија (која наплаќа пици + бакшиш) како и во денешните локални пицерии, и нешто повеќе од единствениот синџир на пицерии во градот (кој наплаќа пици + достава + бакшиш) . Но, семејството веројатно целосно ја заборавило цената на пицата кога сфатило дека ја изгубило авионската карта на Кевин и го оставило сам дома - тврди корисникот.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube