Маркетинг

Студентот кој ќе се определи да го изучува модулот Маркетинг ќе ги разбира основните постулати на современиот маркетинг и нивната примена во менаџерската практика, ќе стекне теоретски и практични знаења во врска со маркетинг инструментите, ќе го применува стекнатото знаење во продажбата, однесувањето со потрошувачите, комуникацискиот менаџмент; самостојно ќе развива и применува маркетинг стратегии и ќе биде способен за проценка на маркетинг процесите и идентификација на релевантни податоци, неопходни за управување и истражување на маркетинг појавите и процесите.

 

Студентот ќе се стекне со вештини за учење, анализи и истражување во секоја маркетинг средина.

 

Целосната листа на предмети можете да ја погледнете на следниот линк.