Сметководство и ревизија

Студентот кој ќе се определи да го изучува модулот Сметководство и ревизија ќе се стекне со теоретски и практични знаења за евидентирање на изворите и средствата на компаниите, способност за читање и анализа на финансиските извештаи, способност за спроведување на корективни политики, намалување на ризиците согласно законските прописи, ќе го применува стекнатото теоретско и практично знаење за да владее со финансиските показатели за ефективност и ефикасност на компанијата; преку ревизорските извештаи самостојно ќе може да ги контролира преземените финансиски одлуки и да презема корективни активности.

 

Студентот ќе се стекне со вештина за учење и анализа на сите сметководствени показатели и ревизорски извештаи од кои ќе ги проектира идните парични текови на компанијата.

 

Целосната листа на предмети можете да ја погледнете на следниот линк.