Станува збор за област обвиткана во мистерија, со приказни за необјаснети исчезнувања и чудни случувања. И не е чудо што Бермуда е дом на некои од најголемите бродоломски места во светот. Со повеќе од 300 идентификувани урнатини во близина на нејзиниот брег, Бермуда стана виртуелна временска капсула која ги чува историските остатоци во Атлантикот кои се стотици години стари. Склоноста на Бермуда да потопува бродови се објаснува со нејзината позиција во Атлантскио океан, кадешто Голфската струја привлекува бродови во нејзините плитки гребени. Денес ова е позната локација кадешто може да се истражуваат сите потонати бродови. Благодарение на плитките води и јасната видливост нрукачите можат да пливаат меѓу труповите на бродовите и историските мошти.