Прв пат го посетив домот есента 2007-ма. Колку и да сте подготвени, уште при првата посета силен впечаток оставаат физичките условите во кои се одвива секојдневието на станарите во Стив; тешкиот мирис од ВЦ-еата кој се шири низ ходниците, полураспаднатиот мебел во собите, малиот број на функционирачки тушеви (2-3) по спрат за околу 70-80 студенти, соби без телефонски и интернет приклучок и сл. Исто така уште од самиот влез забележливи се разните пораки и графити напишани по вратите и ѕидовите на ходниците кои го навестуваат духовниот отпор и обидот на местото да му се даде личен печат и така, преку хумор (а понекогаш и вулгарност) да се неутрализираат негативните