Вивијан Мајер е њујоршки уличен фотограф, која фотографирала во текот на 50-те и 60-те, меѓутоа нејзината работа не била забележана додека била жива. Во 2011 година, две години после нејзината смрт, нејзините фотографии предизвикале големо внимание особено поради нивната необработена убавина во колекција објавена од историчарот Џон Малуф.