Лидерот во групно купување и е-трговија, Grouper, изминатава сабота (31.01) го прослави својот 4ти роденден со традиционална голема забава од отворен тип, на која присуствуваа повеќе од 1000 гости. Забавата се одржа во City Hall, во целосно брендиран простор со осмислена приказна, атрактивна за корисниците, соработниците и сите посетители. Во роденденски дух, беа доделени 400 вредни подароци на присутните.