Tрогателни слики од расплакани деца се појавија на интернет, а потекнуваат од детско училиште во Кина, земја која во минатото ги сместувала децата во училишта дизајнирани за обучување и тренирање на следните олимписки шампиони. Фотографиите се направени во спортските училишта низ цела Кина. Децата мораат да поминат исцрпувачки тренинзи на шест годишна возраст за да бидат следните шампиони на Олимпијадата. Спортскиот систем во Кина е доста успешен, уште откако земјата се врати на Олимпијадата во 1980 година.