Пол Гарбет создава интересни уметнички дела од чаши за кафе веќе цела година. Со оглед на тоа што неговиот проект гласи „Чаша на ден“, може да претпоставиме дека досега има направено повеќе од 365 уметнички дела. Уметноста на Гарбет не се состои само од чаша, боја и четка, ами на фотографиите може да се видат и храна, луѓе, па дури и оган. Сите тие реквизити се искористени на креативен и забавен начин, што го прави Гарбет вистински генијалец.