Секој понеделник интернетот го преплавуваат бројни содржини поврзани со популарната серија „Game of thrones“. Најкреативните, и потсвесно најточните пресврти ги објавува „J. Paul Getty“ музејот за уметност. На нивниот Tumblr профил тие ги раскажуваат случките од најновите епизоди од серијата преку скици и слики од нивната збирка на секојдневни уметности. На тој начин, фановите едноставно можат да ги проучуваат делата кои послужиле како реална историска инспирација за серијата. Пресвртите се состојат од нацртани ракописи, средновековни христијански иконографии, па се` до европско сликарство од истиот период. Tumblr профилот на музејот моментално има повеќе од 220.00 следбеници, а прегледите на серијата се меѓу најпопуларните објави.