Светскиот фестивал во архитектура заврши порано месецов. Беа наградени 33 згради ширум светот кои имаат иновативен дизајн пред сè. Меѓу победниците се наоѓаат библиотека во Кина, музеј во Данска, па дури и модерна црква во Шпанија. Сите објекти се уникатни и фасцинантни. Фестивалот додели награди на постоечки објекти, но и на идни проекти.