Некои компании знаат како да ги усреќат своите вработени. „Твитер“ е најдобар од сите кога се работи за ова. Компанијата која стои зад познатата социјална мрежа се најде на првото место на листата од 25-те компании со најдобра култура и вредност на работното место, покажува нов извештај од „Гласдор“. На листата се најдоа дури 11 технолошки компании, што е повеќе од останатите индустрии.