22 годишниот студент Јан Кара и 21 годишниот механичар Јакуб Бурс се дел од еден навистина амбициозен проект во кој се вклучени 50.000 шишиња. Како што велат тие, поради загадувањето на воздухот и недостатокот на свест кај луѓето за природната средина, младите момчиња сакале пластичните шишиња да ги претворат во нешто функционално. Тие одлучиле да изградат брод кој ќе плови низ реката Елба, една од поголемите реки во Централна Европа. Со помош на нивниот пријател, Јан Холан, момчињата искористиле делови од велосипед и го изградиле бродот. На 12 јули, тие заедно со уште двајца другари отишле на пловење.