Суперликен е јавен парк во Копенхаген, Данска. Овој парк можеби е најнеобичниот во целиот свет. Паркот е дизајниран од група уметници наречени „Суперфлекс“ во соработка со архитектите Би-Ај-Џи и германската архитектонска фирма наречена „Топотек1“. Местото е полно со предмети донесени од сите страни на светот. Тоа е изградено како место за изложување на нешта од останатите држави. Засега, во него се сместени предмети од над 60 националности кои придонеле со артифакти и идеи за проектот.