Верувале или не, ова е вистинско место - Ват Ронг Кхун, подобро познат како Белиот храм е будистички храм во Тајланд, кој изгледа како да го создал Бог. Иако е направен од божествена инспирација, всушност храмот бил дизајниран од човек. Тајландскиот уметник Чалермчаи Коситпипат го дизајнирал храмот во 1997 година. Бил скоро целосно уништен од земјотресот во мај оваа година, меѓутоа Коситпипат добил инспирација повторно да го обнови храмот, откако меѓународната поддршка бараше од него да не се откаже и да не дозволи храмот да биде урнат.