Севада Григориан е ерменски уметник роден во 1959 година и член на Сојузот на ликовни уметници на Ерменија како и дел од УНЕСКО меѓународната федерација на уметници во Франција со изложби низ Јапонија, Кина, Русија и Америка. Она што е важно да се знае е тоа дека тој верува во уметнота евоцирана од вистинските чувства. Она што тој го вели има доста смисла дури и пред да ги погледнете неговите уметнички дела. „Како дете светот се чини пошарен, а боите се чинат посветли. НИз невините очи на детето животот се чини како бајка, кадешто добрината, мирот и љубовта владеат, кадешто убавите принцези несомнено го пронаоѓаат својот витез. Во моите уметнички слики барам да го фатам овој прекрасен свет од соништата, оној кој сите некогаш сме откриле дека е неверојатен и возбудлив“. Семејството, фолклорот, детството и бајките се централните теми на неговите уметнички дела.