X
 01.01.2023 Технологија

Во Германија се гради пат кој безжично ќе ги полни електричните автомобили

Германија работи на својот прв јавен пат кој ќе користи технологија за безжично полнење на електрични автомобили. Во рамките на проектот се предвидува полнење на електричен автобус.

Технологијата овозможува полнење на електрични возила додека се движат, но и кога стојат. „Електреон“, компанијата која стои зад технологијата, работи со градови и превозни компании за да ги поттикне да ги заменат возилата со електрични со малку трошоци.


Заедно со други партнери, „Електреон“ планира да изгради систем за полнење на пат од еден километар. Ова ќе биде воведено во градот Балинген.

Проектот доаѓа по успешна пилот-програма во Карлсруе, каде што компанијата изградила пат за полнење електрични возила кој се користи од автобусите за јавен превоз.


Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Electreon
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија