X
 01.02.2022 Образование

УКИМ е на 1.594. место во светот според „Вебометрикс“

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е најдобро рангиран универзитет од Македонија на листата „Вебометрикс“, а се наоѓа дури на 1.594. место во светот.

Вториот најдобро рангиран македонски универзитет - „Гоце Делчев“ во Штип не е ни блиску до УКИМ, и се најде дури на 3.711. место.

Повеќе од 800 места подолу, на 4.547. место се најде Универзитетот на Југоисточна Европа, а на 4.610 место е Државниот универзитет во Тетово.

Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола се најде на 6.304. место, а Меѓународниот балкански универзитет на 8.877. место.

Другите универзитети во земјава се рангирани од 12.017. место, па надолу, со тоа што Европскиот универзитет е најлошо рангиран и се наоѓа дури на 24.190. место.

Фото: Webometrics (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование