X
 01.02.2023 Живот

Билетарниците на ЈСП повеќе нема да работат во недела

Од претстојниов викенд недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.

Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики).

Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук-страницата на ЈСП Скопје (www.facebook.com/jspskopjee).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот