X
 01.07.2017 Култура

10 култни филмови од Источна Европа

Следните филмови имале огромно влијание врз начинот на кој се гледале нештата, размислувањата и сето она што е поврзано з амалите екрани и филмот како уметност. Источно-европската кинематографија е преполна со ексцентричност, но и реалистично претставување на животот. Честа тема се политичките и социјалните обележја. Ова е листа од 10 филмови кои вреди да ги погледнете.

1. „Teddy Bear (Miś)“, Полска, 1981

Ексцентричен хумор и остра критика кон комунистичкиот режим. Се смета за класик во Полска, а се работи за човек и неговата поранешна жена кои се тркаат еден со друг за да си ги повлечат парите од својата заедничка сметка.

2. „The Marathon Family(Маратонци трче почасни круг)“, Југославија, 1982

Класик од Југословенската филмска индустрија – комедија за семејството Топаловиќ, кое е составено од 6 генерации кои водат погребално. Нивниот бизнис, не е сосема легален и соработуваат со локален гангстер. Филм исполнет со смеа и неверојатни реченици, кој го прави еден од најгледаните филмови на Балканот.

3. „Moscow doesn’t believe in tears (Москва слезам не верит)“, Советски Сојуз, 1980

Овој филм е добитник на Оскарот за најдобар филм на странски јазик во 1981 година. Многумина раскажуваат дека филмот бил гледан многу пати од страна на Роналд Реган, пред да се сретне со Горбачев, со цел да го разбере словенскиот менталитет подобро. Реалистичен портрет, филм за три млади жени кои пристигнуваат во Москва од провинцијални градови во потрага по подобар живот.

4. „Closely Watched Trains (Ostre sledovane vlaky)“, Чехословачкa, 1966


Добитник на многу награди и признанија, овој филм има дејство во периодот на Втората светска војна и Германската окупација над Чехословачка. Приказната го следи младиот Милош Хрма и неговиот живот.

5. „Underground (Подземље)“, Југославија, 1995

Добитник на Златна палма во 1995 на Канскиот филмски фестивал и уште многу други награди. Еден од највлијателните филмови кои се создале на Балканот. Хумористична критика на социјалистичкиот режим. Груба естетика, надреалност и чуден хумор, филмот изобилува со одлични моменти, пренесени од извонредни актери. Познат е и по музиката која е компонирана од славниот Горан Бреговиќ.

6. „Burnt by the Sun (Утомлённые солнцем)“, Русија, 1994


Многу популарен филм во Русија и пошироко. Дејството се одвива во 1930-те, а фокусот е поставен на судбината на револуционерниот херој Сергеј Котов и неговто семејство за време на советскиот режим.

7. „The Firemen’s Ball (Hoří, má panenko)“, Чехословачка, 1967


Сатира за апсурдноста на комунистичкиот режим. Филмот бил цензориран во 1968 година, но сепак се смета за брилијантен филм.

8. „A short film about love, (Krótki film o miłości)“, Полска, 1988

Романтична драма за младо момче Томек, кој се вљубува во постара и промискуитетна сосетка Магда.

9. „Who’s singin’ over there? (Ко то тамо пева?)“, Југославија, 1980

Мрачна комедија од Југословенската кинематографија. Најцитираниот филм од Балканот и најгледаниот во Југоисточна Европа.

10. „Andrei Rublev, (Андрей Рублёв)“, Советски Сојуз, 1966

Често се вбројува во листата на најдобри филмови на сите времиња. Приказната го раскажува животот на Руската икона од 15 век, сликарот Рубљов. Малку дијалог, нехронолошко прикажување на настаните и црно бела уметност. Трае 205 минути.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура