Зборовите на познатиот психолог Михаил Литвак некогаш звучат грубо, но доколку се применуваат, може да го сменат животот на подобро. Во продолжение се неколку од неговите правила за среќен живот.
Среќата не е цел
Не бркајте ја среќата. Нема да најдете задоволство во другите луѓе или во материјалните работи. Среќата доаѓа однатре, а оваа состојба се постигнува кога ќе научите да уживате во животот. Мора да ја совладате вештината за развивање на сопствените способности и да го реализирате она што сакате да го постигнете, а тоа ќе биде вашиот пат до среќата.
Не чекајте и не прашувајте
Ако нешто навистина сакате да направите, не чекајте нечие одобрување. Обидете се да бидете оној што ги контролира сопствените потези.
Не можете да ги задоволите сите
Доколку се обидувате да им угодите на сите, ќе западнете во проблеми бидејќи тоа е невозможно. Дури и доколку се обидете, ќе се чувствувате непријатно и емоционално исцрпено.
Сонувајте ги сопствените соништа
Ако сакате да мечтаете, сонувајте за она што е можно да се реализира. Не губете време размислувајќи за нереални планови.
Не бидете теоретичари
Бидете зрела личност која своето знаење го претвора во дела. Незрелиот човек често има знаење, но не умее да го примени, па не му останува друго освен да ги критикува другите.
Добро планираните акции се клуч за успех
Секогаш планирајте ги своите активности и организирајте го животот соодветно на своите приоритети, а среќата сама ќе си дојде.
Не останувајте должни
Запомнете го ова правило. Ништо не се добива лесно и бесплатно. Не плашете се да ја дознаете цената за некои услуги и не останувајте должни, дури и кога некој ќе ви направи пријателска услуга.
Депресијата не е едноставен мрак
Не потиснувајте ги депресивните чувства. Депресијата е болна, лоша и непријатна, но ни дава увид во нашата личност.
Фото: Pixabay
Комуницирајте со непријателите
Разговорот со пријателите е пријатен, но само во разговорот со непријателите може да научите нешто ново за себе. Затоа, некогаш е подобро да ги слушате непријателите отколку пријателите.
Нема разлики меѓу половите
Идејата за разлика помеѓу машката и женската логика сама по себе е нелогична. Човекот е паметен или не е.
Односите служат за личен раст
Ако откриете дека врската, без разлика дали е романтична или професионална, ви пречи и имате проблеми, излезете од неа. Животот е еден, живејте го среќно.
Не плашете се од нови познанства
Ако се плашите од разговори со нови луѓе, ослободете се од овој страв. Дозволете си да помислите дека таа личност можеби ве доживува позитивно и ве третира правилно.
Следете сопствено темпо
Некои одат низ животот брзо, некои бавно. Сите сме различни, сите живееме по сопствено темпо.
Не плашете се од осаменоста
Ако сте сами или оставени, не плашете се. Целибатот е дел од вашата зрелост и духовен раст. Освен тоа, кога сте сами, може да бидете многу попродуктивни.
Споделувајте радост
Никогаш немојте да бидете себични во поглед на сопствената среќа. Кога ја делите со пријателите, таа се зголемува.
Пофалете се себеси
Оние што не знаат да се пофалат себеси секогаш ги критикуваат другите. Дури и кога немаат што да кажат.
Извор:
Espreso
Насловна фотографија:
Wikipedia