X
 02.03.2023 Живот

Само неколку чекори до пронаоѓање на вашата идна кариера!

Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест ви го најавува осумнаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера - Job Fair 2023, кој ќе се одвива од 13 до 17 март 2023 година.

Job Fair претставува настан преку кој БЕСТ директно ги поврзува студентите од техничките факултети и компаниите на тој начин што воспоставува долготрајна професионална основа за деловна соработка. Овогодишното издание ќе се одвива со физичко присуство во холовите на Машински и Технолошко-металуршкиот факултет, каде што секоја од нашите партнер-компании ќе може да се запознае со студентите од нашите кампуси!

Настанот ќе започне со официјално отворање на 10.3.2023 во 12 часот, на кое ќе има обраќања од страна на организаторите и партнерите.

Доколку сте студент кој сака да се надградува себеси и сака да биде чекор поблиску до својата идна кариера - ова е вашиот момент!

Job Fair не само што е најголемиот настан што го организира БЕСТ Скопје, туку е и местото каде што студентите можат да се информираат за сите можности што ги нудат партнер-компаниите, вклучувајќи потенцијални работни позиции и пракса. Веќе осумнаесет години Job Fair ја остварува својата цел на доближување на иновативните идеи на студентите до компаниите, а воедно им овозможува да се поврзат со компании од техничкиот и ИТ-секторот. Овој настан е можност за големи остварувања во иднина за кариерата на студентите.

Секој студент во текот на факултетската настава се стекнува со сет технички вештини, кои најдобро може да ги усоврши и надгради преку практично искуство или работа.

Јоb Fair нуди кариерна поддршка, со тоа што преку својата дата-база на сивија им овозможува на студентите да ги претстават своите знаења и интереси, а на компаниите кои имаат пристап до истата им овозможуваме да го пронајдат соодветниот кандидат за одредена работна позиција!

Ве очекуваме од 13 до 17 март на Машински и Технолошко-металуршкиот факултет!

Биди чекор поблиску до твојата кариера, преземи го следниот чекор!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот