X
 05.02.2023 Живот

За професијата на иднината мехатроника, белата чума во Македонија, мајчинство на 56 години... Што пишувавме неделава

По скалилата на успехот со Љупчо Јолевски: „Сѐ уште се палам како тинејџер кога ќе видам нов албум и умирам додека не го земам“
Иако неуморно истрча четиридецениска кариера како новинар, пред сѐ, во областа на културата, Љупчо Јолевски и по неговото пензионирање сѐ уште е растрчан насекаде, со истиот младешки елан кој датира од неговите почетоци во „Млад борец“. Тој неодамна ја објави својата втора книга „Неправилен ритам“, а на крајот на ланската година за неговиот новинарски придонес во афирмацијата на македонската култура, пред сѐ, музика, се закити со наградата „13 Ноември“.

Белата чума го зеде данокот во Македонија - автобусите за Германија полни нагоре, празни надолу
Сонот за достоинствен и нормален живот во земја во која се цени трудот, а не партиската книшка, натера стотици илјади граѓани од Македонија својата егзистенција да ја побараат во некоја од развиените европски земји во Европската Унија или надвор од неа.

Не постои невработен дипломиран инженер по мехатроника, вели Роберто Пашиќ, раководител на студиската програма на Техничкиот факултет во Битола
Се смета за професија на иднината зашто нема индустриски процес кој денес не вклучува мехатронички систем, затоа и интересот за студирање постојано расте, вели Пашиќ

На 34 високообразовни установи и установи вршители на високообразовна дејност може да се добие диплома во Македонија
Секоја студиска програма што поседува Решение за акредитација и Решение за почеток со работа од високообразовна установа која е запишана во Регистарот на ВОУ што го води МОН има право да издаде дипломи, кои се признаени во државата и надвор од неа, информира директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование, Агим Рушити

Во Македонија се раѓа и на 56 години - кариерата, финансиите и миграцијата го одложуваат мајчинството
Егзистенцијалните проблеми, кариерата, иселувањето... сѐ повеќе го одлагаат мајчинството, а ин витро и другите репродуктивни техники овозможуваат жените да се реализираат како мајки и по половина век живот

ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ е прво училиште чиј хор освои прво место на Интернационален натпревар во Италија
Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје неодамна го освои првото место на Интернационалниот фестивал во Ричоне, Римини, Италија, настапувајќи под името „Сите бои на уметноста“. Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко Вера Ангеловска се покажа во вистинско светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито.



Издвојуваме

Живот