X
 05.09.2021 Живот

Европски градови со најчист воздух

„Хаус фреш“, компанија со седиште во Велика Британија која оценува прочистувачи за воздух, анализирала резултати од извештај на швајцарската технолошка компанија Ај-кју ер за квалитетот на воздухот во светот во 2020 година.

Врз основа на оваа анализа, компанијата направила листа со градови со најдобар квалитет на воздухот. На врвот во Европа се наоѓа град од Финска, а на листата има и градови од Шпанија, Шведска, Швајцарија и други развиени европски држави.



Европски градови со најдобар квалитет на воздухот:

1. Муонио, Финска
2. Бодо, Норвешка
3. Виелсалм, Белгија
4. Фундао, Португалија
5. Криеф, Шкотска и Енискилен, Северна Ирска
6. Умеа, Шведска
7. Алмерија, Шпанија
8. Нојшател, Швајцарија
9. Корте, Франција
10. Шакиаи, Литванија


Извор: Novosti
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот