X
 07.02.2023 Живот

МНР: Осумте ученици и нивниот ментор од Македонија го напуштија подрачјето погодено од земјотресот и се на пат кон Анкара

Групата од осум ученици и нивниот ментор/наставник од Македонија, кои преку програмата „Еразмус+“ престојуваа во Република Турција, го напуштиле подрачјето погодено од земјотресот и се на пат кон Анкара.
Како што соопшти МНР, во организација на Амбасадата на Северна Македонија во Анкара, со две возила, учениците во текот на денот ќе пристигнат во турскиот главен град. Оттука учениците ќе бидат упатени кон Истанбул, каде што е обезбедено привремено сместување, сѐ до нивното заминување кон земјава кое се планира да биде во текот на утрешниот ден. Меѓу нив се и двата ученика што беа повредени и кои се во добра здравствена состојба и се чувствуваат добро.

Според последните информации, добиени денеска до 8:30 часот, во разорниот земјотрес кој ја погоди Југоисточна Турција загинаа над 3.300 лица и над 20 илјади се повредени, а над шест илјади згради се уништени. Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

Од МНР уште еднаш потсетуваат дека за каква било прашања, нашите дипломатски претставништва во Турција се 24 часа на располагање, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.
Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот