X
 07.04.2023 Стипендии

Стипендии од Министерството за претприемништво и туризам на Романија за академската 2023/2024 година

Министерството за образование и наука информира дека Министерството за претприемништво и туризам на Романија започна програма за доделување на 40 стипендии за странски државјани за академската 2023/2024 година.

Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за претприемништво и туризам на Романија (ТУКА).

Апликациите за стипендии за академската 2023 /2024 година може да се поднесуваат во периодот од 1 април до 30 јуни 2023, само во електронски формат, на следнава маил адреса: burse2023@dce.gov.ro

Изборот ќе се изврши најдоцна до 31 август 2023 година.
Активен до:    30.06.2023
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии