X
 07.05.2019 Економија

Кога би била самостојна држава, оваа област би била втора најбогата во светот

Кога Силициумската долина би била посебна држава, сигурно би била на самиот врв на листата со најбогати земји во светот.

Како дом на голем број милијардери и технолошки гиганти, како Епл, Фејсбук, Гугл, Интел, Пејпал и многу други, чии годишни приходи надминуваат милионски износи, оваа калифорниска долина со својот бруто-домашен производ на жител од 128.308 долари би ги надминала земјите како Луксембург, Монако и Сингапур.

Така, Силициумската долина би го зазела второто место на листата со најбогати земји во светот, а пред неа би бил само Катар. Имено, тамошниот БДП на жител, според процените на Светската банка, во 2017 година изнесувал 128.647 долари.

Колку за споредба, американскиот годишен БДП на жител изнесува 62.606 долари, додека, на пример, БДП на сојузната држава Калифорнија, каде што е и сместена богатата технолошка долина, изнесува 53.987 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија