X
 08.05.2023 Економија

Кои европски земји имаат најевтин, а кои најскап јавен превоз?

Нов извештај на организацијата „Гринпис“ ја открива состојбата на јавниот превоз во 30 европски земји.

Извештајот вклучува и ранг-листа од земјите според нивниот јавен превоз. Во рангирањето биле земени предвид неколку фактори, како цената и едноставноста на користењето на системот за користење и плаќање на јавниот превоз.

На врвот на ранг-листата се Луксембург, Малта, Австрија, Германија, Кипар и Шпанија. Гледано по градови, Талин, Луксембург и Валета се на врвот.


Фото: Pixabay

Од друга страна, Грција, Хрватска и Бугарија се на дното на ранг-листата. Кога станува збор за градовите, Амстердам, Лондон и Даблин се на дното на листата.

Каде е најевтин, а каде најскап јавниот превоз?

Според извештајот, градови со најевтин јавен превоз во Европа се Прага, Братислава, Рим и Виена, каде што возењето со јавен превоз чини просечно 0,85 евра дневно или помалку.

Градови со најскап јавен превоз во Европа се Лондон, Даблин, Париз и Амстердам, каде што билетите чинат над 2,25 евра дневно.

Истовремено, јавниот превоз е бесплатен во Талин и Луксембург. Минатата година Малта го направи бесплатен јавниот превоз за локалните жители, кои може да користат одреден вид јавен превоз бесплатно откако ќе се регистрираат за картичка која чини 15 евра.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија