X
 08.06.2022 Наука

Кина создала целосно автоматизиран процес за клонирање животни

Според кинески медиуми, во Кина постои целосно автоматизиран процес на клонирање. Системот кој работи со помош на вештачка интелигенција го намалува процентот на грешки за време на човечките обиди за клонирање.

Процесот бил создаден од истражувачи од Колеџот за вештачка интелигенција при Универзитетот во Нанкаи. Научниците успеале да клонираат седум прасиња преку крава која била сурогат, користејќи го системот.

Системот може да насочи робот да користи минимална сила за да спроведе процес на клонирање, со што се намалува оштетувањето на клетките од страна на луѓето, изјавиле истражувачите.

Клонирањето е комплициран и долг процес во чии рамки лесно може да се оштетат клетките. Меѓутоа, новиот систем би можел да го забрза процесот на комерцијализација на клонирањето, со што би се намалил проблемот со недостиг на храна.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука