X
 08.10.2018 Здравје

Во кој период од денот е најдобро да пиете кафе?

Потребен ви е кофеин наутро за да можете да функционирате? Не сте единствени. Според една студија, 65 отсто од Американците пијат кафе секој ден, а повеќе од 85 отсто го пијат редовно. Но, според Си-ен-би-си, има одредено време од денот кога треба да пиете кафе за да ги почувствувате најдобрите резултати.

Според Лаура Сипуло, диететичар, пиењето кафе веднаш штом ќе се разбудите може да предизвика напнатост. „Слаткото време“, како што вели таа, е неколку часа подоцна.

Кога ќе се разбудите, вашето тело е полно со хормонот на стресот - кортизол, кој секако може да направи да се чувствувате вознемирено. Додавањето кофеин може само да ја поткрене реакцијата. Исто така, може да направи подоцна да се чувствувате уморно и млитаво, па подобро е да си го испиете кафето малку подоцна или едноставно да се наспиете претходната вечер.

- Напијте се кафе кога телото произведува помалку кортизол, околу три до четири часа по будењето - вели Сипуло.

Што и да правите, обидете се да не пиете кафе навечер бидејќи кофеинот може да остане во вашиот организам и да влијае врз будноста до шест часа по пиењето, иако ефектот достигнува максимум околу 30 до 60 минути по консумацијата.

Истражувањата покажуваат дека кафето носи различни придобивки за здравјето. Тоа се поврзува со подобро здравје и подолг живот, а се вели и дека може да штити од срцев удар, рак и деменција.

Но, важно е да го пиете во умерени количини бидејќи премногу кофеин може да предизвика симптоми на анксиозност, раздразливост и несоница.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје