X
 09.06.2023 Живот

Како била создадена „Lose Yourself“, култната песна на Еминем?

Веројатно сите сте ја слушнале песната „Lose Yourself“, со оглед на тоа што е една од најслушаните песни во историјата.

Интересно е што оваа песна нема свој официјален видеозапис, а на „Јутјуб“ може да се најдат само видеа од филмот „8 милји“ каде што песната оди во заднина. Дури истражувањата покажаа дека ако уживате во таа песна, поголеми се шансите да сте психопат.

Еминем ја напиша песната „Lose Yourself“ на сетот на филмот за време на снимањето, додека го глумел ликот од филмот. Самиот филм е еден вид слика на животот на Еминем. Иако имињата на ликовите се сменети, настаните и личните односи меѓу ликовите се реални. Значи, главниот лик има токсичен однос со сопствената мајка, исто како и во реалниот живот. Еминем ѝ ја посветил песната „Cleanin Out My Closet“, во која се пресметува со неа.



Песната е снимена во мобилно студио на сетот на снимањето на филмот, а според некои извештаи, Еминем без грешка ги снимил сите стихови при првиот обид. Во филмот била искористена хартијата на која била напишана оваа легендарна песна. Токму ова парче хартија достигна цена од 10.000 долари на аукција пред 15 години. Можеме само да претпоставуваме колку би чинело денес.

Во 2003 година песната беше номинирана за „Оскар“. Еминем не мислел дека постои можност да ја добие наградата, па останал дома да си игра со својата ќерка. Кога песната ја освои наградата, настана паника бидејќи во салата немаше никој што би ја извел, но Еминем се искупи 18 години подоцна кога ја изведе песната на „Оскарите“ .

Извор: Idesh.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот