X
 11.04.2017 Култура

Најголемата уметничка измама на 20 век

Во втората половина на 1945 Хан ван Мегерен го сликал својот последен фалсификат „Младиот Исус во храмот“ на холандскиот сликар Јоханес Вермер.


Фото: Wikipedia


Оваа слика не настанала во тајност, а и творецот не бил анонимен. Изработувањето на сликата го следеле сведоци кои ги именувал судот и репортери благодарение на кои Мегерен се прославил. Всушност се работело за судски процес на највозбудливата уметничка измама на 20 век.

Холандскиот фалсификатор уште како мал покажувал склоност кон сликарство, а за Јоханес Вермен бил поучен од Бартуса Кортелинга, неговиот учител. Под притисок на татко му студира архитектура, но истовремено зема часови по сликарство. Студиите никогаш не ги завршил и се посветил на сликарството. На уметничката академија едно време станал и асистент по цртање и историска уметност, кога ги продавал и своите слики за дополнителни приходи.

По извесно време критичарите почнале да му забележуваат дека неговиот талент е ограничен само на имитирање и копирање, што многу го погодило. Тогаш почнал да ја губи и стекнатата репутација при што започнува друга фаза од неговиот живот.

Кариера на фалсификатор

Тој всушност имал на ум да прави фалсификати, и затоа го одбрал Јоханес Вермер затоа што бил добро запознаен со техниките кои ги користел од менторот Кортелингу. Почнал да го изучува внимателно неговиот живот и дело, користел седумнаесетвековно платно, а сам ги изработувал и четките.

Најголемиот предизвик му бил да ги направи сликите како да се три века стари што успеал да го постигне по доста експетриментирање. На почетокот се држел до темите на Вермер, кои биле во главно ентериери и сцени од граѓанскиот живот, а подоцна работел и на други, но во стилот на Вермер.

Тој не сакал да создаде само копии туку и да им парира на големите мајстори, а на ова наседнале критичарите, стучњаците, колекционерите, љубителите на уметноста итн. Ван Мегерен продолжил да слика фалсификати, а ги продавал по цени што изнесувале повеќе од денешни милион долари.

Еден негов фалсификат станал сопственост на Херман Геринг, водечки член на нацистичката партија, кој во замена дал 137 оригинали. Станува збор за делото „Христос и прељубницата“. Геринг ги бележел сите податоци што се однесува за купување и набавка на неговите слики, па на полицијата не ѝ било тешко да се служи со тие податоци и да дојде до Ван Мегерен. Тој е обвинет за продажба на холандско културно наследство на окупаторот. Соочен со можноста да биде обвинет за колаборационизам, за кој може да се добие и смртна казна, одлучил да признае сѐ.

Никој не му верувал како може да направи таков веродостоен фалсификат. Тој предложил да ја наслика „Младиот Исус во храмот“, при што сите сомежи биле разјаснети. Тој бил ослободен од обвинувањата и се стекнал со голема популарност како човек кој го измамил Геринг. По ова станал национален херој. Му се судело како фалсификатор за што добил минимална казна затвор, но не успеал да ја одлежи затоа што по еден месец починал од срцев удар.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура