X
 11.11.2022 Култура

Интернетот воодушевен од приказната од серијата „Круната“ која нема врска со кралското семејство

Обожавателите на серијата „Круната“ веќе ја гледаа петтата сезона. Серијата се занимава со настаните на кралското семејство во текот на 90-тите години и на сите им е поинтересна од претходните бидејќи добар дел од публиката се сеќава на кралските настани од 90-тите.

(Внимание, текстот содржи спојлери)


Сепак, гледачите беа воодушевени од една приказна, односно епизода која нема никаква врска со кралското семејство.

Приказната за Мохамед ал Фаед, египетски имигрант кој се искачи на највисоките кругови на британското општество, расплака многумина.

„Твитер“ беше преполн со коментари за епизодата „Моу Моу“, која го прикажува сиромашниот Египќанец Мохамед ал Фаед како расте во Александрија, а потоа неговиот подем во деловните и социјалните кругови во Лондон. Ал Фаед стана еден од најбогатите луѓе во Велика Британија во 90-тите, а стана и сопственик на познатиот „Харод“. Тој е сопственик и на хотелот „Риц“ во Париз.

Неговиот син почина со принцезата Дијана


Мохамед ал Фаед се појави во медиумите откако неговиот првороден син Доди и принцезата Дијана загинаа во сообраќајна несреќа во Париз. Веднаш по несреќата, Ал Фаед почнал да тврди дека неговиот син и принцезата Дијана биле убиени. Денес има 93 години.

Побогат е и од кралот Чарлс и има околу две милијарди долари.

Извор: Index.hr
Фото: Netflix
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура