X
 12.02.2020 Наука

Научници измислија направа за добивање струја од дожд

Инженери нашле начин како да земат капка дожд и да ја искористат за да генерира електрицитет.

Истражувачите од Универзитетот во Хонгконг што стојат зад направата, која ја нарекуваат генератор на електрицитет заснован на капка (ДЕГ), велат дека една капка дожд може накратко да генерира 140 волти. Тоа било доволно за да се снабдат со струја 100 мали светилки и иако сѐ уште не е доволно практично за секојдневна употреба, ова е ветувачки чекор кон нова форма на обновлива енергија.

ДЕГ користи структура слична на транзистор со ефект на поле, кој може да претвори дожд во кратки изливи на енергија.

Материјалот од кој е направена направата содржи квазиперманентен електричен набој и дождот е само она што го поттикнува протокот на енергија, стои во истражувањето објавено во списанието „Нејчр“.

Вистинскиот трик ќе биде да се изнајде начин за претворање на оваа технологија во нешто што може да биде остварливо за домаќинствата. Засега направата не е доволно доверлива за да испорачува постојан наплив на енергија бидејќи треба да се наполни пред да може да испушти нов наплив.

Во меѓувреме, би можела да служи како мал, привремен извор на енергија за футуристичките шишиња за вода или чадори.

Извор: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука