X
 12.05.2020 Живот

Моловите од утре се отвораат, рестораните и кафулињата во нив - сѐ уште не

Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас - Скопје, центри за едукација, обуки, семинари на возрасни, организација на седници на органи на управување, автошколи, автоиспитни центри, спортски и други обложувачници преку шалтер, затворени трговски центри и молови, без угостителските објекти во нив – ова се дел од дејностите и институциите кои од утре ќе почнат да работат, откако Владата денеска донесе одлука за да намали рестрикции во одредени дејности.

Во оваа одлука влегуваат и спортските тренинзи на отворено за индивидуални спортови и тенис.
Од утре, со почитување на протоколите за овие дејности, започнуваат со работа на теретаните и фитнес клубови, како и активностите за спроведување тренинг на спортисти во поединечни спортови, во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5 метри помеѓу секој спортист, со обезбедени сите санитарно хигиенски услови.

-За да се постигне максимална ефикасност и заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи на сите овие дејнсоти.

Од утре – ќе започне да се применуваат мерки за нови протоколи за работа за дејности со помал ризик – седници обуки, семинари, конференции – ќе може да се реализираат во траење до најмногу 6 часа, со пауза на секои два часа. Пред обуките, членовите треба да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми, кашлица, отежнато дишење, им се препорачува да не присуствуваат. Ќе се организираат со растојание од 1.5- 2 метри и со намален број на учесници. Во просторијата да се обезбеди средство за дезинфекција, да се проветрува и да има забрането групирање на присутните.

Во однос на седниците на органите за управување, можат да бидат со најмногу 30 лица. Моловите, пак, ќе треба да се почитуваат строги правила и протоколи за нивна работа.

-Во моловите се уште нема да биде дозволено да се примаат гости во рестораните и кафулињата. Протоколот предвидува ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот, а недела ќе бидат затворени. Од утре со работа можат да почнат спортските и други обложувалници со шалтер – вели Спасовски.

Уште долго време нема да биде како што беше пред пандемијата. Сметаме дека ситуацијата е под контрола, не дозволивме да се шири вирусот да го загрози здравјето на граѓаните. Ќе следува период на дополнително опаѓање на вирусот, намалување на рестриктивните мерки, но сепак со мерки. Мерките дадоа добри резултати, ги зајакнавме медицинските капацитети.


-Новото секојдневние станува наша нова нормалност. Тоа не требаа се гледа како нешто страшно или чудно. Имаме обврска да го штитиме нашето и јавното здравје – рече премиерот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот