X
 13.04.2017 Живот

Дали спаѓате во групата на „нормални“ луѓе?

Има седум милијарди луѓе на светот и обидот за прилагодување навистина знае да биде исцрпувачки.

Генијалците кои стојат позади „YouTube“ каналот „ AsapScience“ имаат информации преку кои можеме да се споредиме со остатокот од светот според седум индикатори.


Фото: YouTube

1. Можете ли да го превиткувате јазикот?

Оние кои не можат да го направат тоа не спаѓаат во групата на нормални луѓе, бидејќи од 65 до 85 проценти од луѓето ширум светот, всушност можат да го превртат јазикот.

2. Дали имате црвена коса?

Ако имате црвена коса, вие сте дел од само 0.5 проценти од целокупната популација.

3. Дали ги имате забите умници?

Ако уште ги имате овие заби тогаш вие сте малцинство. На околу 65 проценти од луѓето ширум светот умниците им се отстранети.

4. Дали сте левучар?

Според „LiveScience“, само 15 проценти од светската популација се левучари.

5. Дали сте во брак?

Ако уште немате прстен на раката, не сте во групата на нормални луѓе, бидејќи четири од пет возрасни лица ширум светот се во брак.

6. Дали сте родени во февруари?

Февруари и најнепопуларниот месец за раѓање деца. Најголемиот број од луѓето се родени во август и септември.

7. Дали пиете млеко?

Ако уживате во часа млеко, тогаш не спаѓате во групата на нормални луѓе, бидејќи 75 проценти од возрасните ширум светот се нетолерантни на лактоза.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот