X
 13.02.2015 Образование

Денешните студенти се забавуваат помалку во однос на порано

Универзитетските кампуси и студентските домови можеби имаат репутација на места на лудории и забави, но денешните студенти се поосамени од кога било. Факултетските бруцоши поминуваат помалку време дружејќи се со своите пријатели отколку бруцошите од минатото, покажува едно истражување.


Само 18% од бруцошите кои учествувале во анкета од 2014 година изјавиле дека потрошиле најмалку 16 часови неделно во социјализација со пријателите. Извештајот беше објавен од истражувачи на Истражувачкиот институт за високо образование при Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес. Тоа е најнискиот процент од 1987 година, кога истражувачите започнале да ги анкетираат студентите.

Истовремено, повеќе бруцоши трошат малку време со пријателите секоја недела. Речиси 39% од бруцошите изјавиле дека поминуваат 5 часови или помалку неделно со пријателите. За овој годишен извештај биле анкетирани 153.015 бруцоши на 224 американски факултети во текот на есенскиот семестар во 2014 година.


Студентите, освен што се дружат помалку, одат на помалку забави од нивните претходници. Само 8,6% од денешните бруцоши изјавиле дека биле на забави најмалку 6 часови неделно за време на последната година од средното образование, што е пад од оние 34,5% во 1987 година.

Еден од истражувачите кои работеле на анкетите, Кевин Иган, претпоставува дека „студентите ги запоставуваат своите социјални животи за да се фокусираат на своите академски животи“.

Единствената работа во која денешните студенти се поактивни е поминувањето на времето онлајн. Од 2007 година, бруцошите кои поминале најмалку 6 часови неделно на социјални мрежи се покачил на 27,2% од 18,9%. Се чини дека студентите наоѓаат нови начини на социјализација.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование