X
 27.05.2015 Образование

Зошто овогодинешните матуранти сакаат да се запишат на факултет?

Сакавме да дознаеме зошто средношколците, односно матурантите, сакаат да се запишат на факултет и кои се нивните планови во врска со студирањето. Направивме анкета со повеќе прашања поврзани со запишувањето факултет и студирањето. На анкетата одговорија 446 идни студенти. Зошто тие сакаат да студираат?

1.За да се здобијам со повеќе знаење во областа што ме интересира;
2. Со диплома имам повеќе можности во странство;
3. Моето семејство го очекува тоа од мене;
4. Со диплома полесно е да се најде работа;
5. Не знам што друго би правел/а после средното образование;
6. Не сакам да се вработам веднаш, подобро е да студирам.


Според резултатите од анкетата, најголем дел од идните студенти се запишуваат на факултет за знаењето (34%). Потоа, голем број студенти сметаат дека дипломата полесно ќе им донесе вработување (27%), а значаен дел од нив го прават тоа поради семејството (18%).

Броевите се разликуваат многу во однос на одговорите на истото прашање од страна на матурантите пред две години. Имено, тогаш дури 80% од идните студенти сакале да студираат за да се здобијат со повеќе знаење во областа што ги интересира.


ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование