X
 13.06.2015 Култура

Најважните лекции кои ги научивме од Одри Хепберн

Каде да се започне во опишувањето на безвремената Одри Хепберн? Таа е икона, но не само поради нејзината кариера како актерка или нејзиниот моден стил, туку и поради внатрешната убавина, шармот и мудроста која ја поседувала. Во продолжение следуваат вредни животни лекции со кои нè остави таа.


Зборувајте елоквентно какошто се облекувате

Одри одбегнувала конфликти и со неа работата претставувала задоволство. Познати ѕвезди како Кери Грант кажале многу убави зборови за неа. Но, како што таа самата кажала, „Повеќе ќе дознаете за човек од она што го вели за останатите отколку од тоа што другите го велат за него“.

Не постојат добри стандарди и дефиниции

Медиумите нè поттикнуваат да веруваме дека шармот на жената е во нејзиниот физички изглед и способноста за сексуално заведување. Но, Одри кажала дека „во женственоста има повеќе од мерки. Не ми треба спална соба за да ја покажам мојата женственост.“

Жените се детинести и оптимисти

Одри била интересна и затоа ги привлекувала луѓето околу себе со секој потег. „Верувам во розево. Верувам дека смеата топи најмногу калории. Верувам во бакнување, многу бакнување. Верувам во задржување на силата кога сè изгледа лошо. Верувам дека среќните девојки се најубави девојки. Верувам дека утре е нов ден и верувам во чуда.“


Семејството е важно

Одри никогаш не била заслепена од гламурот на шоу бизнисот. За неа, приоритет останало семејството докрај. Таа еднаш изјавила: „Можеби некогаш немам работа. Нo секогаш го имам семејството.“

Бидете отворени за сè

Нејзиниот живот секогаш не бил убав. „Одлучив да го прифатам животот безусловно. Никогаш не очекувам да добијам нешто, но се чини дека започнав да достигнувам многу повеќе од очекуваното. Поголемиот дел од времето едноставно се случуваше без да барам“, изјавила таа.

Помагајте

Одри сочувствувала со останатите и била голем хуманитарец, како и амбасадор за УНИЦЕФ. Таа се борела за задоволување на потребите на децата од неразвиените земји. Според неа, луѓето се родени да сакаат и да нудат љубов и помош.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура